Сопствениците на запалениот ноќен клуб во Букурешт одведени на распит во обвинителството

Букурешт, 24 ноември 2015 (МИА) - Тројцата сопственици и управители на ноќниот клуб „Колектив“ во Букурешт - Пол Ганча, Ѓорѓе Анастасеску и Костин Минку, утринава биле одведени на распит во Главното обвинителство за предметот во кој се обвинети за убиство и предизвикување телесни повреди од невнимателност, пренесе агенцијата Аџерпрес.

Тројцата сопственици на клубот, во кој на 30 октомври избувна пожар, од 3 ноември се во притвор.

Во пожарот во клубот на лице место загинаа 26 лица, а уште едно лице почина на пат за болница. Околу 200 лица се здобија со изгореници и беа примени во различни болници. Оттогаш бројот на жртвите постојано се зголемува и во неделата достигна 60 лица. Дел од настраданите беа испратени на лекување во странство.

Во моментов 39 лица се уште се низ болниците во Букурешт, а 10 од нив се во критична или тешка состојба, пренесе Аџерпрес, повикувајќи се на податоци на Министерството за здравство.

Обвинителството тврди дека до пожарот во ноќниот клуб дошло бидејќи управителите на објектот поттикнувале и им дозволиле пристап на многу поголем број посетители од максимално дозволените, при услови кога објектот не располагал со неколку излези за итна евакуација Освен тоа, управителите одобриле да се изведува пиротехничко шоу во затворен простор, при услови кога ентериерот на салата бил недоволно добро опремен за вакви спектакли, бидејќи ѕидовите, таванот и сводовите биле звучно изолирани со лесно запалливи материјали. Овие материјали биле поставени во спротивност со законските одредби и имале за цел заштеда на средства.

Сопствениците на клубот соработуваат со истражителите и досега ги доставиле сите побарани документи. Тројцата обвинети се млади луѓе, немаат судско минато и жалат за инцидентот, во кој загинаа многу луѓе, вклучувајќи и нивни пријатели, познаници и вработени, забележа судијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...