Напад врз полициска станица во БиХ

Сараево, 24 ноември 2015 (МИА) - Напад со експлозив е извршен синоќа врз полициска станица во централна Босна и Херцеговина, пишува „Јутарњи лист“.

Полициски претставници изјавија дека ноќта меѓу понеделникот и вторникот е фрлена експлозивна направа врз полициската станица во местото Завидовиќи и нагласија дека постои сомневање оти станува збор за нов терористички напад.

Портпаролката на Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојската жупанија, под чија надлежност е Завидовиќи, Алдина Ахмиќ изјави дека истрагата ја презело Обвинителството на БиХ, кое има исклучителна надлежност врз делата поврзани со тероризам. 

- Постојат индиции дека во овој случај има елементи на кривично дело тероризам, така што постапувањето во овој случај го презеде Обвинителството на БиХ, кое ќе ја води натамошната истрага и по чиј налог е формиран заеднички тим на СИПА, Федералната управа на полицијата и Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон, кој ќе работи на собирање на оперативни сознанија, идентификување и лоцирање на извршителите, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на жупанијата. 

Според досегашните информации кусо по полноќ е регистрирана експлозија на покривот на помошната зграда, сместена во средишниот дел на полициската станица. 

Во експлозијата нема повредени, а причинетата е мала материјална штета, која дополнително ќе се проценува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...