Во Тирана уапсен Сириец со фалсификувани документи

Тирана, 25 ноември 2015 (МИА) - На аеродромот во Тирана е приведен еден 57-годишен Сириец, кој патувал за Албанија и поседувал неколку фалсификувани документи за идентификација со различен идентитет - лична карта, пасош и британска виза.

Како што јави дописникот на МИА, уапсениот допатувал за Албанија со редована авионска линија и пред граничните албански власти покажал пасош со негова фотографијам но со идентитет на друг Сириец.

Тој бил приведен откако со првата проверка на документите во лабораторија било утврдено дека се фалсификувани. Полицијата успеал да го открие неговиот идентитет по деталната контрола на неговата торба, каде пронашла лична карта со неговиот вистинскиот идентитет.

Освен неговата лична карта полицијата пронашла и семеен документ, како и турска патна исправа со неговиот вистински идентитет, во кој имало фалсификувана британска виза, со важност од 7 октомври до 6 декември годинава.

По апсењето, доказниот материл е предаден во Обвинитеството во Тирана.

По терористичките напади во Париз и заканите за можни вакви активности и во Албанија, властите видно ги зголемија безбедносните мерки на сите гранични премини, вклучително и на аеродромот и пристаништата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...