Санадер е на слобода по три години затвор

Загреб, 26 ноември 2015 (МИА) - Поранешниот хрватски премиер и поранешен лидер на Хрватската демократска заедница Иво Санадер вчера беше пуштен од затвор, откако отслужи три години од пресудата за злоупотреба на должноста. 

- Задоволен сум поради тоа што Хрватска има инстанци, кои покажаа дека бевме во право. Не сум задоволен од фактот дека вакво нешто може да се случи во Хрватска, рече Санадер при излегувањето од затворот Реметинец.

- Нема да ја коментирам политиката, тоа заврши. Немам никакви политички амбиции, рече тој и додаде дека го посетиле странски политичари. 

Врховниот суд на Хрватска ја укина третата и последна пресуда за корупција против Санадер, со што се овозможи негово излегување од затворот.

Санадер беше осуден за земање мито во неколку случаи. Последната пресуда од девет години затвор за земање мито од 15,3 милиони куни (2,2 милиони долари) беше укината на истите основи, како и претходните, односно дека процесот бил неправеден. 

Санадер, кој беше премиер два пати, во 2003 и 2011 година поднесе оставка кон средината на вториот мандат под притисок на многубројните истраги против него.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...