Во Белград следниот месец средба на министрите за надворешни работи на Турција и РусијаАнкара, 26 ноември 2015 (МИА) - Министрите за надворешни работи на Турција и Русија, Мевљут Чавушоглу и Сергеј Лавров може да одржат средба во периодот меѓу 3 и 4 декември во Белград, изјави денеска турскиот министер за Европска унија Волкан Бозкер.
- Министрите ќе се сретнат во Белград во периодот меѓу 3 и 4 декември, истакна Бозкер, пишува весникот „Радикал.“
- Не е можно нашите земји да не одржуваат пријателски односи, додаде тој.
На 3 и 4 декември во Белград ќе се одржи самит на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.
|