Европа треба да остане обединет демократски простор

Софија, 26 ноември 2015 (МИА) - Во актуелните кризни услови, европските земји треба да ги надминат меѓусебните разлики и да ја зачуваат Европа како обединет демократски простор, во кој ќе се почитуваат принципите за владеење на правото и за заштита на човековите права, изјави денеска бугарскиот претседател Росен Плевнелиев на средбата во Софија со претседателката на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Ен Брасер.

Кабиентот на Плевнелиев соопшти дека двајцата соговрници се согласиле дека на глобалните предизвици, како што се тероризмот и миграцијата, треба да се даде глобален одговор, што ќе биде можно само со заеднички напори на меѓунардоната заедница.  

Како што јави БТА, Плевнелиев и Брасер повикале на заеднички активности против причините што довеле до појава на тероризмот, а не само против последиците.

Според нив, социјалната исклучивост, нееднаквоста и непочитувањето на основните човекови права се главни причини за појавата на омраза и поделби во светот.

Плевнелиев нагласил дека Бугарија ќе проодлжи да ги исполнува своите меѓународни обврски кон бегалците и барателите на азил, додавајќи дека проблемот со мигрантската криза во Европа треба да се решава во рамките на ЕУ, за што е потребно да се најдат заеднички мерки и сите членки на Унијата да ја споделат одговорноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...