Телото на соборениот руски пилот префрлено во Турција

Анкара, 29 ноември 2015 (МИА) - Телото на рускиот пилот, кој загина во вторникот кога турското Воено воздухопловство го собори неговиот авион, доцна синоќа од Сирија е префрлено во Турција, изјави денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

На прес-конференцијата што ја одржа во Анкара, пред да замине на Самитот ЕУ-Турција во Брисел, Давутоглу нагласи дека по барање на Москва телото на загинатиот пилот ќе и биде предадено на Русија. 

- Со телото се постапува во согласност со православните обичаи, нагласи Давутоглу.

Станува збор за телото на потполковникот Олег Пешков, кој беше во рускиот СУ-24, што беше соборен крај сириско-турската граница од еден турски авион Ф-16.

Двајцата руски пилоти се катапултираа од авионот откако беше погоден со ракета, но Пешков беше убиен од припадници на милитантни исламистички групи, додека се спуштал со својот падобран.

Турскиот премиер истакна и дека е непоходна комуникација меѓу страните вклучени во операциите во Сирија, со цел да се избегнат нови инцидент, како овој со уривањето на рускиот авион,

- Во Сирија дејствуваат различни коалици со разлини цели, па затоа е потребна интензивна размена на информации и координација за да не се случат нови инциденти, додаде Давутоглу.

Турските власти и натаму тврдат дека „Сухојот„ го повредил турскиот воздушен простор и дека бил претходно предупреден. Русија ги отфрла таквите тврдења, инистирајќи дека авионот летал над сириската територија на својата вообичаена траса, која Москва ја има усогласено со американските воени власти на почетокот од руското вклучување во бомбардирањето на позициите на Исламска држава (ИД).

Соборувањето на рускиот авион предизвика „вжештена“ расправија меѓу Анкара и Москва.

Русија вчера соопшти дека практично ја прекинува економската соработка со Турција, како и дека воведува санкции за турските производи и за турските граѓани.

Од турска страна таквите мерки беа означени како контрапродуктивни, а Анкара предложи и средба на претседателите на Турција и Русија, Реџеп Тајип Ердоган и на Владимир Путин, на маргините на Самитот во Париз, што руската страна ја одбива. Официјана Москва претходно бара извинување на Анкара за соборувањето на авионот и за убиството на пилотот Пешков.

По соборувањето на авионот Ердоган ја предупредуваше Русија „да не си игра со оган“, но вчера изрази жалење за инцидентот и порача дека ќе беше подобро до него да не дојдеше.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...