УНЦХР: Во Грција годинава влегле над 700.000 имигранти

Њујорк, 29 ноември 2015 (МИА) - Во првите десет месеци од оваа година на територијата на Грција влегле повеќе од 700.000 имигранти, од каде потоа барале разни патишта за да стигнат до богатите држави во Европа, покажуваат најновите податоци на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНЦХР).

Податоците се појавуваат во време кога во Брисел се среќаваат турскиот премиер Ахмет Давутоглу и лидерите на земјите-членки на ЕУ, со цел да постигнат договор за побрзо справување со напливот бегалци.

Во анализата на УНХЦР се вели дека повеќе од половина од луѓето кои влегле на грчка територија, се Сиријци, 18 отсто се Авганистанци, а шест отсто се Ирачани.

Меѓу сите бегалци дури 20 отсто се деца на разна возраст.

Пред одржувањето на Самитот ЕУ-Турција, холандски дипломати ја промовираа идејата за „привремено создавање на мини-шенген зона“, во која би влегле само дел од западноевропските членки на Унијата.

Холандскиот премиер Марк Руте, не ја коментираше ваквата идеја, но во разговор со домашните новинари предупреди дека доколку ЕУ не го запре напливот на мигранти и не ги ги заштите своите надворешни граници, ќе се соочи со опасноста да ја доживее судбината на античката Римска Империја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...