Не треба премногу да и се ветува на Турција

Брисел, 29 ноември 2015 (МИА) - Лидерите на ЕУ, кои денеска се сретнаа со турскиот премиер Ахмет Давутоглу на самитот во Брисел, за да разговараат за решавање на бегалската криза, сакаат да и помогнат на Турција, но во исто време предупредуваат дека не треба премногу да и се ветува на Анкара. Давутоглу во исто време најави нова ера во односите со ЕУ.



На вонредниот самит во седиштето на Унијата, разгледан е план на Турција да и се понудат три милијарди евра, ублажување на визните рестрикции и побрз процес на пристапување кон ЕУ, во замена за построга контрола на Анкара на границите и преземање на некои од мигрантите кои не ги исполнуваат условите за азил во Европа.

Давутоглу на отворањето на самитот рече дека е „благодарен на европските лидери на новиот почеток, кој, не само е почеток на состанокот, туку и нов процес од големо значење за иднината на нашите заеднички врски во Европа“.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск јасно му порача на Давутоглу дека во замена за помошта од ЕУ очекува „брзо и значително намалување на бројот на нерегуларните имигранти кои пристигнуваат во Европа“.

Со тоа, како што додаде, земјите на ЕУ сакаат Турција да „оствари заедничка цел на приближување низ спроведување реформи, почитување на највисоките стандарди на човековите права“, кои се дел од пристапните преговори.

Туск смета и оти е должност на ЕУ да ги штити надворешните граници и дека тоа не може да го препушти на трета земја.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека сака „договор со Турција по кој Турција би ги презела обврските, Европа би пружила поддршка, а бегалците би биле примени“.

Многу европски земји во последно време би ја ревидирале својата инаку млака поддршка на блиските односи со Турција поради бегалската криза.

- Турција има право да очекува помош од ЕУ, рече германската канцеларка Ангела Меркел.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини рече дека има доволно работи кои ги врзуваат двете страни.

- Турција и Европа се потребни една на друга. Соочени сме со исти проблеми, од војна во Сирија до тероризам и стабилност, односно нестабилност во регионот. Ние можеме да бидеме партнери и треба сите прашања да ги ставиме на маса, рече таа.

Според Меѓународната организација за миграции (ИОМ) во Европа оваа година влегле речиси 900.000 луѓе кои бегаат од судири и сиромаштија на Блискиот Исток, во Африка и Азија, барајќи засолниште или работа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...