Агенти од САД и Русија и седум илјади полицајци задолжени за безбедноста на самитот на ОБСЕ во Белград

Белград, 30 ноември 2015 (МИА) - Над седум илјади полицајци, кои ќе бидат распоредени во пет прстени и снајперисти на покривите на зградите се задолжени за обезбедувањето на учесниците на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, кој ќе се одржи на 3 и 4 декември во Белград. 

Безбедноста на самитот е подигната на највисоко ниво бидејќи состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од ОБСЕ се одржува во време на зајакнати терористички напади и влошени односи меѓу некои земји во светот.

Освен српските безбедносни служби ќе има и специјалци на други држави, а американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Србија ќе дојдат со свое обезбедување.

За безбедноста на Кери ќе се грижат припадници на тајна служба, која во описот на работата ја има заштитата на претседателот на САД, односно највисоките функционери и американската валута доларот. Овие оперативци се единствени, кои имаат право да одбијат наредба на претседателот на САД. 

Со Лавров пристигнуваат оперативци на руската Федерална служба за безбедност и тие ќе бидат задолжени само за првиот прстен на безбедноста, додека за останатото обезбедување ќе бидат задолжени домашните служби. Сите останати функционери се под заштита на српските безбедносни служби и полицијата.

Учеството го потврдија околу 70 држави и околу 40 министри за надворешни работи. Се очекува дека на самитот ќе има околу седум илјади учесници - членови на делегации, обезбедување и организатори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...