На Турција визна либерализација за реадмисија

Виена, 1 февруари 2016 (МИА) - ЕУ би можела за жителите на Турција да ги укине визите, а предуслов е договор за реадмисија, истакна еврпскиот комесар за проширување Јоханес Хан. 

Хан, за време на гостувањето во државната телевизија „ОРФ“, увери дека визна либерализација со Турција е апсолутно реална во рок од 12 месеци, нагласувајќи дека Анкара мора да го прифати договорот за реадмисија. 

Тоа би овозможило бегалците, кои доаѓаат во Европа, да бидат вратени во Турција, објасни синоќа Хан, негирајќи дека ЕУ поради бегалската криза прави отстапки за Анкара. 

Европската унија, според неговите зборови нема да затвора очи пред кршењето на човековите права или конфликтите со Курдите, и нема да има повеќе од трите милиони евра финансиска поддршка за бегалците во Турција. 

Како што истакна Хан, се работи за безбедноста на надворешните граници на ЕУ, бидејќи 40 отсто од бегалците доаѓаат преку Турција. 

Хан, истовремено се залага за повторно обновување на пристапните преговори со Турција. 

Европскиот комесар за прширување истакна дека пристапните преговори се единствен инструмент за подвлекувањето на значењето на човечките права, и поради тоа смета дека најпрво треба да се отвори поглавјето за основните права. 

Во врска со конфликтите на Турција со Курдите тој како што истакна, оцени дека се драматично оптоварување на односите меѓу ЕУ и Анкара, а Брисел од турските власти непрекинато бара хуманитарно решение.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...