Жителите на грчките острови кандидирани за Нобелова награда

Атина, 1 февруари  2016 (МИА) - До Нобеловиот комитет е поднесена официјалната кандидатура за доделување на Нобеловата награда за мир на жителите и волонтерите од грчките острови на Егејското Море, кои им помогаат на бегалците кои од Турција пристигнуваат на територијата на Грција, објави денеска електронското издание на атинскиот весник „Катимерини“. 



Предлогот, Нобеловата награда да ја добие „Движењето за Егејска солидарност" беше доставен откако беа собрани 620.000 потписи во рамките на петицијата иницирана на интернет во ноември минатата година.

Иницијативата за оваа кандидатура е поддржана и од 230 академици од 111 универзитети.

Меѓу оние кои ја поддржуваат идејата престижната награда да им биде доделена на локалните жители на островите Лезбос, Кос, Хиос, Самос, Родос и Лерос, се и нобеловците Христофорос Писаридис и Дезмонд Туту, како и претставници на академските кругови од универзитетите во Оксфорд, Принстон, Харвард, Корнел и Копенхаген. 

Од 900-те илјади бегалци кои влегоа во Европа минатата година, повеќето беа пречекани од жителите на грчките острови во Егејското Море. Локалните жители, вклучувајќи ги и рибарите, ја оставија својата работа и се вклучија во спасувачките акции во морето, се наведува во иницијативата доставена до Нобеловиот комитет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...