Давутоглу: Сите жртви во атентот во Истанбул се странци

Анкара, 12 јануари 2016 (МИА) - Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека  Исламска држава стои зад денешниот самоубиствен напад во Истанбул, во кој се убиени 10 лица, сите странци, пренесе турската телевизија НТВ.

Според турскиот премиер, извршител на атентатот е странски државјанин, член на ИД.

- Независно од каде доаѓа тероризмот оној кој изврушва терористички напад извршува злосторство против човештвото, изјави Давутоглу.

Премиерот уште посочи дека Турција е одлучна да се бори против воинствената група се дотогаш додека таа не престане да биде закана за земјата и светот, пренесуваат американските медиуми.

-Сите убиени во денешниот напад во нашата земја се странци. Овие наши гости за нас се мили и вредни. Тие дошле за да ја запознаат Турција, забележа Давутоглу.

Тој додаде дека во телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, од каде потекнуваат повеќето од убиените, тој и ги пренел изразите на жалење и сочуство.

-Овој напад нема да влијае врз демократската ситуација во Турциа. Со него како цел беа земени не само лицата кои се наоѓаа на плоштадот, туку цела Турција, уште додаде турскиот премиер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...