Ципрас: Потребен е долгорочен и стретешки пристап за бегалската криза

Атина, 5 февруари 2016 (МИА) – Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска во Атина ќе се сретне со францускиот и германскиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев и Томас де Мезиер со кои ќе разговара за мигрантската криза.

Двајацата европски министри се во посета на Грција со цел да се изнајдат начини на кои може да и се помогне на Атина да се справи со бегалската криза.

Казнев вчера го посети и кампот за бегалци на Лезбос, каде пристигнуваат најголем број мигранти од Турција.

Во меѓувреме, во тек е состанок меѓу Казнев, Мезиер и грчките министри за внатрешни Курумблис, за морска флота Дрицас, за миграции Музалас и за цивилна заштита Тоскас.

Инаку, на вчерашната донаторка конференција за Сирија во Лондон, Ципрас ја повика меѓународната заедница да усвои „долгорочен, стратешки пристап“ за сириската бегалска криза кој ќе биде фокусиран на „ефикасно и хумано управување со приливот на бегалци“.

- Хуманитарните последици од сириската криза ќе останат со нас со децении. Ние не можеме да се справиме со нив со изградба на ѕидови или туркање на луѓето назад во морето со што се ризикуваат нивните животи. Не можеме да ги туркаме луѓето од земја до земја, како да се нечија друга одговорност, истакна Ципрас.

Грчкиот премиер на маргините на конференцијата се сретна и со германската канцеларка Ангела Меркел и со британскиот премиер Дејвид Камерон, со кои главно разговараше за бегалската криза, но тема на разговор беше и ревизијата на програмата на финансиска помош на Грција и текот на разговорите меѓу Атина и нејзините кредитори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...