Протести на полицијата во Атина

Атина, 5 февруари 2016 (МИА) - Припадници на грчката полиција денеска се собраа пред зградата на Парламентот во Атина, на протести против реформите на пензискиот систем. 

Демонстрантите беа блокирани од нивни колеги од обезбедувањето на зградата, но немало инциденти, јавија грчките медиуми. 

Претставник на Унијата на полициските синдикати за грчката телевизија „Мега“ изјави дека на протестот полицајците дошле во униформи.

На еден од транспарентите на протестите полицијците напишаа: „Алексис Ципрас зошто го убиваш својот народ“. 

- Со овој протест сакаме да упатиме порака дека грчката полиција е дел од народот и дека ние ќе се бориме заедно со нашиот народ, рече синдикалниот претставник Григорис Геракаракос.

Денешните протести на полицијците се во рамки на протесната кампања организирана по повик на струковите синдикати на бебзеднсните сили против предложените пензиски реформи од страна на Владата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...