Курц од недела во повеќедневна турнеја по западен Балкан

Виена,5 февруари 2016 (МИА) - Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц в недела ја почнува повеќедневната турнеја по земјите од западен Балкан, во текот на која треба да ја потенцира намерата на Виена и натаму да се ангажира за овој регион, посебно во поглед на членството во ЕУ.

Австрија сака западен Балкан да го види во ЕУ и овој став министерот Курц ќе го потврди на турнејата по сите шест држави од западен Балкан, јави агенцијата АПА.

Прва станица од неговата посета ќе биде Сараево, па Белград, во понеделник и вторник, а потоа патува за Подгорица, Тирана, Приштина и Скопје.

Во Белград и Скопје една од поважните теми ќе биде бегалската криза.

Во пресрет на посетата Курц истакна дека таа е „јасен сигнал за продолжување на ангажманот за западен Балкан“. - Австрија со државите од регионот е тесно поврзана преку луѓето, културата, економијата и историјата, нагласи Курц во изјава за АПА.

- Приближувањето на овие земји до ЕУ води кон поголема стабилност и благосостојба, создава поголемо владеење на правото и обезбедува работни и во Австрија, истакна тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...