Турција ги заостри условите за влез на ирачки државјани на нејзина територија

Анкара, 6 февруари 2016 (МИА) - Турција денеска соопшти дека ги заострила условите за влез на ирачки државјани на нејзина територија за подобро да се бори со нелегалната миграција, што Европа го бара со недели наназад, пренесуваат француските медиуми.

Досега ирачките државјани во Турција може да остануваат до 30 дена со само еден печат на патната исправа, што се ставаше  на граница.

Според новите правила, за кои денеска информира турското Министерство за надворешни работи, овој систем веќе не важи. Отсега со упростена процедура во Турција ќе можат да влезат само Ирачаните кои имаат виза или одобрение за престој, издадени од страна на членка на шенген зоната, САД, Велика Британија или Ирска. Останатите ќе треба да поднесуваат апликации за виза.

-Промените се донесени во рамки на решителната борба на нашата земја против нелегалната миграција, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Танжу Билгич.

Не се соопштува од кога овој нов систем ќе влезе во сила.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...