Градоначалникот на Кос со повик до Ципрас за намалување на тензиите на островот

Атина, 7 февруари 2016 (МИА) - Градоначалникот на грчкиот остров Кос, Јоргос Кирицис, го повика премиерот Алексис Ципрас да интервенира во намалување на напнатоста на островот, пренесе агенцијата АНА-МПА.

Во своето писмо градоначалникот апелира до премиерот да нареди повлекување од островот на единиците за борба со безредијата, за да не ескалира напнатоста.

Кирицис, исто така, од премиерот бара да се одложи решението за формирање на таканаречени „жешки точки на островот“ и Владата да прифати да го разгледа предлогот на општинските власти за формирање на само еден центар за регистрација на нелегалните мигранти и бегалци, а регистрираните во период од само 24 часа да бидат префрлани  на континенталниот дел од земјата.

Жителите на островот Кос последните неколку дена протестираат против создавање регистрациски центар за мигранти на местото на некогашна касарна.

Островот Кос, популарна туристичка дестинација, секојдневно прима стотици мигранти, кои пристигнуваат на неговиот брег од соседна Турција.

Жителите на островот бараат бегалците под итно да се носат на континенталниот дел, стравувајќи дека напливот на мигранти може да им го уништи туризмот - главниот извор на приходи на островот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...