Австрија предлага испраќање воено-цивилна мисија во Македонија и Србија

Виена, 8 февруари 2016 (МИА) - Австрија се залага за воспоставување воено-цивилна мисија за заштита на границите на Македонија и Србија и за формирње центри за регистрација на бегалците во овие две земји, бидејќи Грција не е во состојба да ја обезбеди надворешната граница на ЕУ, ијзави австрискиот министер за одбрана Ханс-Петер Доскоцил.

Во интервју за австрискиот весник „Стандард“, Доскоцил вели дека не смее да се дозволи десетици илјади бегалци да останат „заглавени“ во Македонија и Србија и дека и во овие две земји треба да се отворат центри за регистрација на бегалци по примерот на Грција, со цел подобро да се „совладаат“ масата луѓе што доаѓаат.

- Следниве недели претстои важен развој на настаните во Грција и Турција во врска со прашањето за обезбедување на границите на ЕУ. Доколку експертите заклучат дека можеме да ја обезбедие границата и дека ни се потребни центри за регистрација во Македонија и Србија, тогаш таа идеја би требало да ја преточиме во една воено-цивилна мисија, изјави Доскоцил, додавајќи дека од Скопје и од Белград доаѓаат сигнали дека двете земји се подготвени да се согласат на таквиот предлог.

Според него, трошоците кои ќе бидат потребни за вклучување војници во овие мисии би биле помали од последиците што може да ги предизвика неконтролираниот прилив на бегалци.

- Ако успееме да го реализираме нашиот предлог за мешовити полициско-воени контроли на границите на Македонија и Србија, би ни биле потребни и дополнителни средства. Иако таквата мисија би ја предводел Фронтекс, ние би се вклучиле во неа бидејќи се работи за настани што се случуваат директно пред нашиот праг, порача Доскоцил.

Тој се залага и за примена на принципот на реадмисија на имигрантите кои доаѓаат од „безбедни земји“, со тоа што тие би се враќале во државата преку која влегле на територијата на ЕУ (Грција и Италија), во земјата од кој се упатиле кон Европа (Турција) или пак во безбедни држави од кои поттекнуваат, како Мароко или Тунис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...