Затворањето на границите само ќе го преоптовари Западен Балкан

Сараево, 8 февруари 2016 (МИА) - Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц денеска во Сараево истакна дека Австрија не сака едноставно да ги затвори своите граници и државите од Западен Балкан да ги остави на цедило со проблемот на бегалците, туку тежнее за пронаоѓање заедничко решение, посебно со Србија и Македонија, јави Танјуг.

На прес-конференцијата со шефот на босанската дипломатија Игор Црнадак, во Сараево, Курц укажа дека, доколку Австрија само ги затвори своите граници, ќе дојде до преоптоварување на Западен Балкан.

- Не сакаме никому да му наметнеме товар што никој не може да го издржи, порача тој за загриженоста на земјите од Западен Балкан дека одлуката на австриската Влада за ограничен  прифат на бегалци ќе предизвика застој во овие држави.

Според него, сосема погрешно беше што  Грција само ги пропушташе бегалците во земјите кои не се членки на ЕУ.

- Во меѓувреме, за среќа, дојде до освестување дека само пропуштање на бегалците не функционира. Неопходно е воспоставување безбедност на границите, бидејќи само една четвртина од бегалците доаѓаат од Сирија, констатира Курц.

Шефот на австриската дипломатија не ја исклучува можноста бегалците, при затворање на македонската граница, да можат да најдат нови патишта кон средна Европа, но, со добра соработка на сите држави, проблемите што ќе настанат со новите рути, можат благовремено да бидат решени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...