Демирташ ги обвини турските власти за убивање цивили во Џизре, официјална Анкара демантира

Анкара, 9 февруари 2016 (МИА) - Лидерот на турската прокурдска Демократска партија на народите (ДПН), Селахатин Демирташ, денеска ги обвини турските сили за безбедност за убиство на цивили во градот Џизре, во кој доминантно население се Курди, за време на операцијата против бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК), пренесоа француските медиуми.

Владата во Анкара ги демантира овие тврдења.

Џизре е еден од градовите во југоисточна Турција во кој доминантното население се Курдите, а во него турската армија веќе два месеца изведува широка антитерористичка операција.

Според гласини на социјалните мрежи, лиферувани веќе неколку дена, 60 жители на Џизре, вклучувајќи и ранети лица, кои се криеле во подрумот од една куќа, за време на викендот биле егзекутирани од страна на силите за безбедност.

Весникот „Милиет“ вчера информира за успешно завршената антитерористичка операција на силите за безбедност во југоисточниот град. Акциите против борците на ПКК во Џизре почнаа во декември.

„Милиет“ пишува дека според првичните информации во операцијата на силите на редот во зградата со број 23 во овој град биле убиени над 60 терористи на  ПКК. Меѓу ликвидираните борци има високо позиционирани членови на групата со кодни имиња „Мамо“ и „Розан“, како и многу бунтовници, кои во Турција дошле од планината Кандил во северен Ирак.

„Милиет“ посочува дека зграда со број 23 била „главниот штаб“ на ПКК и во претходните три години силите за безбендист немале пристап до неа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...