„Побједа“: Рускиот вице-премиер Рогозин има забрана за влез во Црна Гора

Подгорица, 11 февруари 2016 (МИА) - Потпретседателот на руската Влада и еден од најблиските соработници на претседателот на Русија Владимир Путин, Дмитриј Рогозин се наоѓа на листата на руски државјани на кои не им е дозволен влез на територијата на Црна Гора, објави подгоричкиот весник „Побједа“. 

Претставник на црногорското Министерство за надворешни работи и европски интеграции за „Побједа“ изјавил дека Рогозин „се наоѓа на листата руски државјани на кои врз основа на одлуките на Владата за воведување на меѓународни рестриктивни мерки, им е ограничен влезот во Црна Гора“. 

Владата, како и во случајот со тајкунот Константин Малофејев, се повикува на одлуката на Советот на ЕУ од 17 март 2014 година, која е продолжувана на секои шест месеци. Последната одлука на Советот е донесена на 14 септември 2015 година и нејзиното продолжување се очекува во март годинава. 

Рестриктивните мерки кои се однесуваат на Рогозин се воведени поради „активности кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина“, се наведува во изјавата на црногорското Министерство за „Побједа“.

Санкциите на ЕУ, покрај забрана за патување, подразбираат и замрзнување на сметките, но не е познато дали Рогозин има пари на сметки во банките во Црна Гора.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...