Картер: Мисија на НАТО против шверцерите на луѓе во Егејското Море

Брисел, 11 февруари 2016 (МИА) - НАТО ќе почне со подготовка на мисија во Егејското Море, меѓу Турција и Грција, за да помогне во спречување на шверцерите на луѓе кои превезуваат мигранти и бегалци, изјави денеска во Брисел секретарот за одбрана на САД, Ештон Картер.

Изјавата на Картер доаѓа непосредно по јавното барање на три земји-членки на Алијансата - Турција, Грција и Германија, за вклучување на НАТО во справувањето со бегалската криза со која се соочува Европа.

Министрите за одбрана на земјите-членки на Северноатланската алијанса се собрани во Брисел на состанок на кој главна тема е бегалската криза.

Според шефот на американскиот Пентагон, еден нацрт-план за ваква операција, треба да изработат во најкус рок воените власти на земјите членки, кој потоа би можел брзо да биде имплементиран.

- Целта на операцијата треба да бидат криминалните организации кои ги експлоатритее овие недолжни луѓе (мигрантите и бегалците) и нивната судбина, за да заработуваат пари, изјави американскиот секретар Ештон Картер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...