Грчкиот Парламент го усвои новиот Закон за медиуми

Атина, 12 јануари 2016 (МИА) - Со 154 гласови „за“ од пратениците на партиите Сириза и Незаваисни Грци, грчкиот Парламент синоќа го усвои новиот Закон за медиуми, според кој ќе бидат доделени четири четиригoдишни лиценци за приватни телевизии.

Како пто јави дописникот на МИА од Атина, „за“ Законот гласаше и независниот пратеник Никос Николопулос, а опозициските Нова демократија, Демократската коалиција, Потами и Унијата на центристи имаа вкупно 102 гласови „против“.

Четиринаесет пратеници на Златна зора и на Комунистичката партија на Грција се пријавија само како „присутни“, додека 30 пратеници беа отсутни.

Лидерот на Нова демократија Киријакос Мицотакис за време на дебатата истакна дека плурализмот во Грција е во опасност, поради декретот на Владата за продажба на дозволите за радиодифузна дејност. Коментирајќи во врска со контекстот на декретот, лидерот на Нова демократија, ја обвини Владата дека практикува „режимски стил“ кој ја оддалечува земјата од европските вредности.

- Никој не оспорува дека треба да постои транспарентност во телевизиската сфера. Но, вие не го планирате тоа. Вие сакате државниот министер Папас да биде апсолутен господар на медиумите, откако целосно го неутрализиравте Националниот совет за радио и телевизија (ЕСР), изјави Мицотакис и додаде дека според Уставот, ЕСР има ексклузивна надлежност за регулирање и казнување.

Според премиерот Алексис Ципрас, дискусиите за новиот закон за медиуми „покажале кој навистина сака да ја среди медиумската сфера во земјата, и кој се обидува да ја спречи Владата да се движи напред со своите обврски“.

- Ова ќе му даде можност на грчкиот народ да донесе сопствени заклучоци. Со години ја слушаме фразата ‘лични интереси’, но сега е време да се објасни поимот и како да се справиме со него, рече Ципрас.

Владата најави дека ќе распише и ќе го надгледува тендерот за четири лиценци за национални телевизии, што предизвика критики од страна на опозицијата, која смета дека бројот е премал и се спротивставува на други аспекти од постапката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...