Лидерите на ЕУ договорија план кој ќе и го понудат на Турција

Брисел, 18 март 2016 (МИА) - Заедничка позиција, но не и текст на договорот што денеска ќе и биде понуден на Турција за решавање на бегалската криза, договорја рано утринава лидерите на 28-те земји-членки на Европската унија по долгочасовни разговори во рамки на првиот ден од Самитот на Европскиот совет во Брисел.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, неколку лидери на Унијата, по крајот на првиот ден од Самитот, рано утирнава на социјалната мрежа „Твитер“ објавија дека постигнале заеднички став што претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и холандскиот премиер Марк Руте, денеска попладне треба да му го претстават на турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Германската канцеларка Ангела Меркел порача дека разговорите биле „конструктивни“, но дека патот по кој ќе се постигне конечниот договор со Турција „нема воопшто да биде лесен“.

Премиерот на Холандија Марк Руте, пак, на прашањето за тоа што е најголемата пречка за договор, рече дека „ЕУ лидерите се согласиле дека нема да кажат ништо за тоа“. А, францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека „не е постигнат договор“, но дека шефовите на државите и владите на ЕУ-земјите се на пат да се договорат.

Според информациите од првиот ден на Самитот на Европскиот совет, деветти по ред вонреден што е посветен на бегалската криза, лидерите на 28-те земји-членки ќе се обидат денеска да се заврши принципиелниот договор постигнат на почетокот на минатата недела. Според овој преддоговор од 7-ми овој месец, Турција треба да ги прими сите мигранти на нејзината територија што ќе пристигнат од грчките острови, како и оние кои ќе бидат фатени во турските територијални води.

Турција на мини-самитот со ЕУ на 7. март постави и серија на барања што ЕУ треба да ги исполни за да се дојде до договор. Меѓу овие барања се уште и финансиска помош од дополнителни три милијарди евра од ЕУ (плус оние три милијарди евра ветени минатата година) за Турција да се грижи за сириските бегалци, како и укинување на визите за патување на турските граѓани во Европската унија до јуни оваа година и забрзување на преговорите за членство на Турција во Унијата. Наводно, овие последни два услови биле јаболко на раздорот во рамки на ЕУ, поради кој синоќешниот прв ден од Самитот не донесе договор.

Договорот со Турција за Европската Унија не е едноставен и Унијата е изложена на голем број на критики дека премногу и се дава на Турција, која според европските граѓани користи уцена за да добие што повеќе, знаејќи дека без тоа нема решение за мигрантската криза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...