Рама бара од Европа да изработи план за борба против тероризмот

Тирана, 25 март 2016 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама смета дека Европа би требало да изработи заеднички план во борбата против тероризмот и нагласи дека во спротивно би можеле да се повторат нападите како тој во Брисел, јави АТА.

Рама во телевизиско обраќање изјави дека Европа мора да заземе цврст став против антиевропската политика.

Тој рече дека не може да сфати како личност, по која се трага во Франција има чисто полициско досие во Брисел. Рама смета дека во врска со таквите случаи е потребна поголема соработка. 

- Станува збор за пропусти на Европа, која би требало да изгради разузнавачки систем, со кој би се спречило мозокот на она што се случи во Франција да ги премине границите и на крајот да биде фатен во Брисел. Оваа личност има кривично досие во една земја, а испаѓа дека е чиста во друга. Потребен е колективен безбедносен и одбранбен систем, смета Рама.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...