Турската армија убила 24 борци на ПКК во југоисточна Турција и извела нови воздушни напади во северен Ирак

Анкара, 25 март 2016 (МИА) - Турски воени авиони вчера извеле нови напади врз цели на Курдската работничка партија (ПКК) во  северен Ирак, а турските сили за безбедност во операциите во југоисточна Турција убиле 24 курдски бунтовници, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на соопштение на турската армија. 

Бунтовниците од ПКК вчераноќ презеле напад со автомобил бомба врз воена позиција во близина на Дијарбекир, во југоисточна Турција, при што загинале тројца припадници на турските безбедносни сили, а 24 биле ранети, се посочува денеска во посебно соопштение на армијата.

Сведок на настанот за британските медиуми изјави дека во експлозијата на патот меѓу Дијарбекир и Лиџе биле предизвикани сериозни штети врз воените инсталации. Турските сили за безбедност наредиле строги безбедносни мерки во регионот и кренале заштитни прегради околу местото.

Во вчерашните воздушни напади на турската армија врз цели на ПКК во северен Ирак биле уништени складови со муниција и засолништа на бунтовниците во реонот на Авасин и Басјан, се посочува во армиското соопштение.

Во вчерашните операции во градовите Нусајбин, Шарнак и Јуксекова, во јигоисточниот дел на земјата, турските сили за безбедност убиле 24 курдски бунтовници.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека од декември до сега загинале над 300 припадници на силите за безбедност, а според прокурдската опозиција стотици цивили, исто така, биле убиени во воените операции против членови на ПКК.

Според армиски податоци, од јули, кога беше прекинато 30-месечното примирје, до овој момент се убиени над илјада бунтовници во југоисточниот дел на земјата, населен главно со Курди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...