Вучиќ прогласи победа на парламентарните избори

Белград, 25 април 2016 (МИА) - Српската напредна партија (СНС) на актуелниот премиер Александар Вучиќ освои 48,26 отсто од гласовите, според прелимираните резултати по обработување на 83 отсто од избирачките места, односно 75,11 проценти од избирачкото тело, соопшти Републичката изборна комисија.



На прес-конференцијата на РИК рано изутринава е објавено дека на второ место е коалицијата околу Социјалистичката партија на Србија (СПС), предводена од Ивица Дачиќ, со 11,37 отсто од гласовите.

Излезниот праг од пет проценти го минаа и Српската радикална партија (СРП) на Воислав Шешељ со 7,97 отсто од гласовите и опозициската коалиција „За праведна Србија - Демократска партија“ со 6,13 отсто.

Движењето „Доста беше“ освои 5,71 процент од гласовите.

Мошне близу цензусот се коалицијата „Сојузот за подобра Србија“ предводен од Социјалдемократската партија (СДС) на Борис Тадиќ со освоени 4,98 отсто од гласовите и коалицијата Двери-Демократска партија на Србија (ДСС) со 4,95 проценти.

Сојузот на војводинските Унгарци освои 1,62 проценти од гласовите, додека останатите листи имаат помалку од еден процент од гласовите. 

Според најавите на РИК следната прес-конференција со најнови податоци за изборните резултати ќе биде одржана во 11 часот. 

Вучиќ прогласи победа на вчерашните парламентарни избори по објавувањето на прелиминарните резултатите.

- Граѓаните на Србија повторно ни ја дадоа таа чест да ја водиме Владата, рече Вучиќ пред неговите приврзаници. 

Српскиот премиер иницираше распишување парламентарни избори две години порано од предвиденото. Тој изјави дека сака нов мандат од избирачите за преговори за приклучување кон Европската унија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...