Бугарски град забрани носење никаб

Софија, 28 април 2016 (МИА) - Бугарскиот град Пазарџик забрани носење какви и да се велови кои во целост го покриваат лицето, со што локалната власт сака да ги намали тензиите меѓу општествените групи и да го зголеми нивото на безбедност, објави Ал Џезира Балкан.

Оваа забрана ја поддржаа политичари од различни опции во градот со околу 70.000 жители, каде носењето никаб стана вообичаено меѓу некои муслиманки, припаднички на ромското малцинство.

- Не сакам веќе да чујам дека Пазарџик е град во кој се носат бурки. Сакаме гласно да кажеме дека не сме такви, туку сме град на одговорни луѓе за кои се поврзуваат други достигнувања, изјави градоначалникот Тодор Попов на државното радио.

Муслиманите сочинуваат околу 12 проценти од населението во Бугарија, а припадниците се главно етнички Турци, чии жени обично не носат велови за покривање на лицето.

Попов најави дека секое кршење на оваа забрана ќе биде парично казнето. Полицијата наведува дека забраната е потребна поради тоа што ваквите велови оневозможуваат брза идентификација.

Претходно овој месец, бугарскиот Патриотски фронт, партија која ја поддржува Владата на Бојко Борисов, предложи нов член во Кривичниот закон со кој би се забранило носење велови на јавни места. Како главно оправдание за тоа се наведени потенцијалните закани по националната безбедност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...