Србија: РИК ги поништи резултатите од 15 избирачки места

Белград, 28 април 2016 (МИА) - Српската Републичка изборна комисија (РИК) соопшти дека од вкупно 15 избирачки места ги поништила резултатите од парламентарните избори што се одржаа во неделата, на 24 април, пренесе ТАСС.

Резултатите се поништени заради сериозни прекршувања за време на гласањето. Во овие избирачки места повторно ќе се организира гласање, за кое се уште не е утврден датумот.

Жалби за прекршувања на изборниот процес имало од 163 избирачки места. Членовите на РИК треба да донесат одлука дали да има повторување на изборите на уште 148 избирачки места (освен на објавените 15). 

Републичката изборна комисија вечерва до 20 часот треба да ги прогласи конечните резултати од неделните избори. Не е исклучено заради поништените резултати и најавата за повторно гласање во повеќе избирачки места РИК да го одложи објавувањето на конечните резултати од изборите. 

Врз основа на преброените 98,56 проценти од гласовите, коалицијата „Александар Вучиќ - Србија победува“ победи на изборите со 48,23 проценти освоени гласови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...