Атина, 28 април 2016 (МИА) – Грчките власти продолжуваат да преместуваат бегалци од Пиреја во други прифатни центри, за да го ослободат пристаништето пред празниците и во пресрет на новата туристичка сезона.
Во моментов во Пиреја има 2.680 бегалци, а 300 од нив денеска ќе бидат преместени во прифатен центар во Скорамангас.
На пристаништето се уште секојдневно пристигнуваат бродови со нови бегалци. Само утринава пристигнаа 52 бегалци од Родос, Лезбос и Хиос.