Турски пратеници повторно си разменија тупаници

 

Анкара, 2 мај 2016 (МИА) - Во комисијата на турскиот Парламент, која го разгледува предлогот на владејачката партија за укинување на судскиот имунитет на народните избраници, денеска повторно се случи хаос.

Пратениците се гаѓале со шишиња со вода, а некои размениле и тупаници, што доведе до прекин на седницата.

За време на дискусиите во комисијата минатиот четврток, исто така, имаше тепачка меѓу пратениците, а на петмина од нив им беше укажана и лекарска помош.

Комисијата расправа за измени во Уставот, со кои се овозможува започнување на судски процеси против неколку пратеници од прокурдската партија по обвинение за тероризам. Предлогот за измени дојде откако претседателот Реџеп Тајип Ердоган ја обвини прокурдската Демократска партија на народите за поддршка на Курдската работничка партија (ПКК).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...