Брисел исклучува кризно сценарио за Грција, слично на тоа од 2015 година

Брисел, 3 мај 2016 (МИА) - Европската комисија денеска ја исклучи можноста од „кризно сценарио“ за Грција, слично на тоа што се појави во 2015 година, кога земјата беше на работ на излегување од еврозоната.

Истовремено, Брисел изрази воздржан оптимизам за можностите идниот понеделник да биде постигната спогодба за грчките реформи, пренесува БТА.

- Нема никаква причина да се наметнува кризно сценарио за грчката програма затоа што сегашната ситуација е различна од таа што беше создадена минатата година и во однос на вкупната работа, економските резултати и реформите по кои во моментов течат преговорите, изјави еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пиер Московиси.

Московиси беше запрашан какви се шансите Грција и нејзините кредитори (ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд) да постигнат спогодба за реформите, што се бараат од Атина, во врска со вонредната средба на министрите за  финанси од еврозоната, закажана за 9 мај во Брисел.

- Сакам да изразам разумен оптимизам, тоа не се лесни теми, нештата бараат многу енергија, многу работа, но мислам дека има пат, изјави Московиси.

Средбата, предвидена за идниот понеделник, првично беше планирана за 29 април. Се наметна потребата таа да биде одложена заради разликите меѓу Атина и ММФ за начините за почнување на новата серија реформи.

Со заслабено темпо на намалување на бруто домашниот производ на Грција од - 0,3 отсто, годинава земјата ќе биде во рецесија и ќе биде единствената со таков резултат меѓу земјите кои ја воведоа единствената европска валута, покажуваат пролетните прогнози на ЕК, што денеска беа претставени во Брисел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...