Давутоглу размислува да поднесе оставка на премиерската функција, тврдат турските медиуми

Истанбул, 4 мај 2016 (МИА) - Турскиот премиер Ахмет Давутоглу размислува да се повлече од функцијата на одгласите за борбата за надмоќ во турската политика со претседателот Реџеп Таип Ердоган, наведуваат турските медиуми, цитирани от ДПА.

Давутоглу изјави дека се уште не донел одлука за ова прашање, информираа дневните весници „Хуриет“ и „Џумхуриет“.

Премиерот неодамна искажа разлики со претседателот Ердоган околу планираните измени во Уставот на земјата, со кои се планира на претседателот да му се даде поголема власт.

Давутоглу вчера изјави дека „поскоро би го погазил сопственото его“, отколку да ризикува да и наштети на владеачката Партија на правдата и развојот.

Министерот за транспорт Бинали Јилдерим и Берат Албајрак, министер за енергетика и зет на Ердоган, се сметаат за можни наследници на Давутоглу на премиерската функција, наведува весникот „Џумхуриет“.

Давутоглу стана премиер и лидер на партијата во 2014 година, кога неговиот претходник Ердоган беше избран за претседател на Турција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...