Црна Гора: Опозицијата реши да се врати во парламентот по седуммесечниот бојкот

Подгорица, 4 мај 2016 (МИА) - Црногорската опозиција одлучи денеска да се врати во парламентот, по повеќе од седум месеци бојкот на работата на законодавниот дом поради несогласувањето со политиката на премиерот Мило Ѓукановиќ, вклучувајќи го и пристапувањето на Црна Гора кон НАТО, јавува Танјуг. 

На синоќешните протести пратениците од опозицискиот Демократски фронт изјавија дека ќе се вратат во парламентарната сала „за да ги разобличат предавниците“ од другите опозициски партии. 

Денешната закажана седница, на која требаше да се разговара за реконструкција на Владата и смена на претседателот на парламентот Ранко Кривокапиќ, беше одложена. 

Причина за тоа беше судир меѓу обезбедувањето на парламентот и пратениците од Демократскиот фронт, кои не дозволија да бидат претресени. 

На крај пратениците успеале да влезат во парламентот, да рашират натпис „Слобода или ништо“ и да скандираат „Мило Ѓукановиќ е крадец“. 

Бројот на обезбедувањето во црногорскиот парламент денеска бил значително зголемен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...