Повторно гранатиран пограничниот турски град Килис

Анкара, 5 мај 2016 (МИА) -  Три ракети се истрелани врз турскиот пограничен град Килис од сириска територија, што е под контрола на Исламска држава. Во нападот повредени се четири лица.

Меѓу повредените еден е полицаец, а на тв-снимки се гледаат оштетени згради и возила.

Килис е пограничен град во кој се сместени голем број сириски бегалци. Градот често е мета на артилериски и ракетни напади од територијата на Сирија.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера ја предупреди ИД дека на секој напад врз Турција ќе биде возвратено.

Во пограничните напади врз Килис од почетокот на годината загинаа 20 лица, а десетици се повредени. Турската армија возвраќа на артилериските напади.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...