Ердоган: Не може да стане збор за менување на турскиот антитерористички закон, како што бара ЕУ

Анкара, 6 мај 2016 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека не може да стане збор за промена на турскиот антитерористички закон, како што тоа го бара Европската унија, за да може да се либерализира визниот режим за Турците, пренесоа светските агенции.

- ЕУ од нас бара да го промениме антитерористичкиот закон, за да ни ги укине визите. Тоа се кажува во момент кога Турција од сите страни е подложена на напади од терористички организации и нивните колаборационисти. Вие ни поставувате услови, а на терористите им одобрувате да ги отвораат своите шатори до зградата на Европскиот Парламент, рече Ердоган, пренесува БТА.

Претседателот предвид го имаше  случајот од средината на март, кога за време на средбата Турција-ЕУ во Брисел, курдски активисти отворија шатори со симболи на Курдската работничка партија (ПКК), која во Турција се смета за терористичка организација.

- Ние ќе одиме по нашиот пат, а вие по вашиот. Договарајте се со кого сакате, изјави Ердоган во говор емитуван на телевизија.

За да обезбеди безвизен пристап за своите граѓани до Европската унија, Анкара треба да исполни серија услови, поставени од Брисел. Еден од нив е да го усогласи законодавството и праксате во областа на тероризмот со европските стандарди; да ја стесни дефиницијата на тероризмот и да користи пропорционални мерки во борбата со него.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...