Балкански самит во Париз: Европската перспектива на регионот и основа за реформи

Париз, 25 мај 2016 (МИА) - Европската перспектива на земјите од балканскиот регионот и нивното приклучување кон ЕУ се основа за политичките, социјално-економските и институционалните реформи, оценија учесниците на министерскиот состанок во Париз, кој беше подготовка за Самитот посветен на Балканот, што ќе се одржи 4 јули во францускиот главен град.

Собирот, на која присуствуваа и еврокомесарот Јоханес Хан, претставува продолжение на министерски состанок одржан во април 2015 година во Брдо кај Крањ во рамките на процесот Брдо-Бриони, и на него треба да биде подготовена претстојната средба на врвот за Балканот во Париз, кој ќе биде трет таков собир по самитите во Берлин во 2014 година и во Виена во 2015 година,

Како што јави дописникот на МИА од Париз, учесниците на собирот оценија дека ЕУ и земјите од Западен Балкан имаат заеднички проблеми и дека се соочуваат со глобалните предизвици.

Во овој контекст, тие признаваат дека предизвикот со миграцијата бара инклузивен и сеопфатен пристап и нагласуваат дека соработката во оваа област треба да се зајакне врз основа на декларацијата на мини-самитот од 25 октомври 2015 година.

Учесниците на средбата ја потврдија потребата да се фокусираат примарно на борбата против криминалните мрежи кои се вклучени во трговијата на мигранти и азиланти и на зајакнување на капацитетите на граничната контрола и размена на информации, особено со Европол.

Во однос на борбата против тероризмот, по нападите во Париз и Брисел, министрите ја истакна важноста за изнаоѓање на колективните решенија, кои единствено можат да се справат со оваа закана и борбата против религиозна радикализација.

Предизвиците на радикализација, тероризмот и екстремизмот, особено на странски борци од или кои патуваат преку Европската унија и земјите од Западен Балкан во Сирија и Ирак, бара зајакната соработка: зголемена размена на информации, идентификација на добри практики за обука, заеднички вредности, спречување на радикализацијата, дерадикализација и одговор на терористички активности, оценија учесниците на состанокот.

Во овој контекст, соработката меѓу земјите од Балканот и ЕУ е повеќе од важна за стабилизација на регионот. Европското приближување на земјите од Западен Балкан покрај преку усогласување со законодавството на ЕУ, исто така, мора да се покаже и преку конкретни проекти во областа на поврзување на инфраструктурите и нови можности за младите, сметаат министрите учесници на средбата. 

Врз основа на овие принципи, тие го поздравија постигнатиот напредок во регионалната соработка и ја истакна важноста на поврзување во транспортот и енергијата, која е клучна за развојот и економскиот развој на регионот.

Тие признаа дека се потребни да се направат дополнителни напори од страна на секоја земја за да се забрза имплементацијата на мерките усвоени на самитот во Виена и придружните мерки и при тоа ги поздравија неодамнешните мерки усвоени од страна на Европската комисија, кои како патоказ водат кон формирање на регионален пазар на електрична енергија. Учесниците, исто така, ја поздравија и можноста за претстојното потпишување на Договорот за транспортна заедница.

Учесниците на средбата ја потврдија и својата решеност да продолжи спроведувањето на „позитивна агенда за младите од Балканот„, лансиран од страна на министрите за надворешни работи во Брдо кај Крањ во април 2015 година и го поздравија поситгнатиот напредокот.

Земјите-учеснички, исто така, ветија дека ќе ги охрабрат своите универзитети да им понудат стипендии и поголем број места во програмите за соработка на студентите од Западен Балкан. Во овој поглед, тие ја потврдија нивната подготвеност да се преземат нови чекори во спроведувањето на позитивна агенда на самитот во Париз.

На крајот, учесниците го поздравија позитивниот напредокот во имплементацијата на Регионалната канцеларија за младинска соработка и ја истакнаа посветеноста на балканските земји во оваа перспектива. Тие потсетија дека оваа канцеларија ќе биде официјално лансиран на Самитот во Париз.

На министерската конференција, учествуваа шефвите на дипломатиите на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Германија, Австрија, Хрватска, Италија и Словенија, како и европскиот комесар задолежн за односите со соседите и преговорите за проширувањето Хан и домаќините, францускиот министер за надворешни работи и меѓународен развој Жан-Марк Ејро и државниот секретар за европски прашања Харлем Дезир.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...