Уште 47 милиони евра за Турција од ЕУБрисел, 26 мај 2016 (МИА) - Европската унија денеска објави дека на Турција ќе и додели уште 47 милиони евра помош за бегалците,
Средствате ќе бидат наменети за турската крајбрежна стража, за потрагите и спасувачките операции, како и за обезбедување на образовна инфраструктура, обука и социјална поддршка за сириските бегалци.
Со новите средства досега на Турција и се доделени 240 милиони евра од вкупно трите милијарди евра, кои и се ветени на Анкара во согласност со договорот ЕУ - Турција.
|