Хрватска се уште не дозволува продолжување на преговорите на Србија за членство во ЕУ

Белград, 27 мај 2016 (МИА) - Договор за отстранување на хрватската блокада и отворање на поглавјето 23 во преговорите за пристап на Србија кон Европската унија се уште не е постигнат, а кога ќе биде направен, јавноста ќе биде известена, изјави хрватскиот министер за надворешни и европски работи Миро Ковач. 

Европскиот комесар за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан изјави претходно дека е постигнат договор со Хрватска во врска со отворањето на 23 поглавје Правосудство и основни права и дека тоа треба да биде потврдено следната недела, на состанокот на Корепер, телото кое  го сочинуваат амбасадорите на државите членки на ЕУ. 

Српските медиуми исто така објавија дека Хрватска и дала писмена согласност на Србија за отворање на поглавјето 23, што хрватското Минисерство за надворешни работи го демантираше, со образложение дека станува збор за пропаганда со цел дезинформирање на јавноста. 

Ковач по тој повод изјави дека разговарал со Хан за тоа во вторникот, но дека договор се уште не е постигнат, истакнувајќи дека мора да им се даде значење на хрватските барања. 

Хрватска како мерило за отворање на поглавјето 23 во преговорите со Србија, бара целосна соработка со Хашкиот суд, укинување на законите за надлежноста на Србија во процесуирањето на воени злосторства на територијата на цела поранешна Југославија и обезбедување на правата на хрватското малцинство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...