САД се дволични што сириските курдски Сили за заштита на народот не ги сметаат за терористи

Анкара, 27 мај 2016 (МИА) - САД манифетираат дволичност штом Силите за заштита на народот на сириските Курди, не ги сметаат за терористичка организација, изјави денеска шефот на турската дипломатијата Мевљут Чавушоглу.

Чавушоглу нагласи дека е неприфатливо војници кои се сојузници на Турција да носат симболи на Силите за заштита на народот.

- Армија која се претставува за сојузник на Турција и објавува дека е подготвена да се бори против тероризмот, не може на униформите да има симболи на терористичка организација. Тоа е неприфатливо, истакна Чавушоглу на прес-конференција во турското летувалиште Анталија, каде се одржа Самит на ОН на најслабо развиените земји.

Тој додаде дека не го прифаќа објаснувањето на Вашингтон дека симболите се за заштита на војниците.

- Во таков случај ние би му препорачале да користат и симболи на Исламската држава, на Фронтот ал Нусра и на Ал Каеда во Сирија и на Боко Харам во Африка, наведе Чавушоглу.

Анкара ја смета организацијата Сили за заштита на народот за сириски огранок на Курдската работничка партија (ПКК), која во Турција е прогласена за терористичка организација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...