Рускиот патријарх пристигна во ГрцијаАтина, 27 мај 2016 (МИА) - Патријархот московски и на цела Русија Кирил денеска пристигна во Солун од каде замина за Света Гора.
Рускиот патријарх на солунскиот аеродром беше пречекан од грчкиот заменик-министер за надворешни работи, Јанис Аманатидис и заменик-министерот за внатрешни работи Марија Колиа-Царуха со кои имаше куса средба пред заминувањето за Уранополис и монашката заедница на Света Гора.
Патријархот Московски и на цела Русија во недела ќе го посети Солун и ќе присуствува на литургија во катедралата Свети Григориј Палама.
|