Демир: Турција веќе нема интерес да купува американски беспилотни летала

Анкара, 27 мај 2016 (МИА) - Турција повеќе не е заинтересирана да купува американски беспилотни летала, изјави Исмаил Демир, турскиот заменик министер за одбрана, пишува „Хуриет дејли њуз“. 

-Не сакам да бидам саркастичен, но би сакал да се заблагодарам за целиот проект, кој не беше одобрен од САД, бидејќи тоа не покрена да развиеме наши сопствени системи, нагласи Демир за време на состанокот на Атлантскиот совет на САД. 

Во моментот кога Турција се бори против Курдската работничка партија (ПКК) и ИД, американскиот Конгрес го пролонгира одобрувањето на продажбата на воени беспилотни летала и проектили на сојузниците од НАТО, повикувајќи се на загриженоста во врска со борбата против тероризмот во југоисточна Турција и северен Ирак, посочува „Хуриет дејли њуз“. 

-Турција разви тактички беспилотен авион, кој сега се користи во борбата против терористичките групи, истакна Демир, додавајќи дека Анкара веќе нема да има потреба од беспилотните летала на САД.

-За жал, во случајот со беспилотни летала ние ја затворивме оваа страница од наша страна, објасни Демир. 

Според зборовите на турскиот заменик министер за одбрана, Турција има развиено и сопствена муниција со можност за насочување, а исто така во процес е развивање и на друга муниција. 

-Попречувањето на продажата на оружје на Турција нема да ја тргне Анкара од целите на нејзината национална безбедност, потенцира Демир, кој своевремено го  предупреди САД, дека ограничувањата нема да бидат продуктивни што се однесува на долгорочните стратешки односи меѓу двете земји. 

Демир е во САД на средба во Феникс, Аризона, во врска со заедничкиот проект на САД и девет негови партнери за реактивни повеќенаменски борбени авиони од петтата генерација „Ф-35“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...