Николиќ: Повторно ќе се кандидирам, а Вучиќ ќе одлучи кого ќе поддржи кога за тоа ќе дојде време

Белград, 30 мај 2016 (МИА) - Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска изјави дека повторно ќе се кандидара на претседателските избори што ќе се одржат следната година, а лидерот на владеачката Српска напредна партија (СНП) и премиер Александар Вучиќ ќе каже кого поддржува кога за тоа ќе дојде времето, јавија весниците „Политика“ и „Данас“.

-Претседателските избори никогаш не биле важна тема една година пред изборите, освен ако јас не бидам кандидат на СНП и не победам, а Вучиќ остане без својата главна поддршка. И може да дојде претседател кој може да е во конфликт со него. Дали тоа ќе биде добро за Србија?. Тоа ќе доведе до антагонизам, изјави Николиќ за вчерашниот број на весникот „Политика“.

Николиќ кажа и дека „има мислење“ за тоа кој треба да влезе во новата српска Влада, но тоа најверијатно се разликува од преовладувачкото мислење.

-Одлуката за тоа, меѓутоа, треба да ја соопшти лидерот на СНП, додаде претседателот.

За консултациите со претставниците на политичките партии, кои се оддржаа минатата недела, Николиќ кажа дека од нив „не слушнал ништо што може да ја пресврти ситуацијата во Србија на многу подобро“.

Тој додаде дека само ја почитувал својата уставна обврска „бидејќи веќе е јасно кој го има мнозинството во Парламентот“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...