За Атина не постои прашањето за Чамите

Тирана, 30 мај 2016 (МИА) – Прашањето за Чамите не постои и постојаното повторување на непостоечко прашање од официјалните албански власти не е во прилог на нашите билатерални односи.

Вака накусо гласи реакцијата од грчкото Министертво за надворешни работи во врска со последната изјава на шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати дадена за тиранската телевизија Топ чанел, во која тој се задржува на прашањето на Чамите, протераните Албанци од областа Чамарија-Грција.

- Веста ја објавува грчката државна новинска агенција, која цитирајќи извори на грчкото МНР, на многу јасен начин наведува дека „Чамите соработувале со фашистичкиот и нацистички окупатор и оти си заминале заедно со нив од Епир, во групи, следејќи ги непријателските сили, пренесува тиранската телевизија Топ-чанел.

Истиот извор наведува дека грчките медиуми во веста ја додаваат и оценката на Бушати дека албанско-грчките односи се многу добри и оти се темелат на реципроцитет, праведен и фер дијалог и одговорност меѓу две соседни земји, членки на НАТО, со погледи кон заедничката европска иднина и кои ги почитуваат уставни традиции, како и модели на меѓународното право.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...