Реакции против изјавата на Ердоган дека контрацепцијата не е за муслиманите

Истанбул, 30 мај 2016 (МИА) - Турската опозиција и феминистичките организации денеска реагираа на изјавата на претседателот Реџеп Таип Ердоган дека контрацепцијата не е за муслиманите, пренесоа француските медиуми.

- Ниту едно муслиманско семејство не треба да се занимава со контрола на наталитетот или семејното планирање, изјави денеска Ердоган, повикувајќи ги верниците муслимани да имаат повеќе деца.

„Така кажува мојот Алах, така кажува нашиот ценет пророк, ќе одиме по овој пат“, додаде тој.

Ердоган често пати влегува во полемика за женските прашања. Тој, на пример, кажува дека „феминистките немаат место во нашата религија и нашата цивилизација“ и дека еднаквоста меѓу мажот и жената е „противприродна“, пренесува бугарската агенција БТА.

Тој често пати зборува и против абортусот, опишувајќи го како „злосторство против човештвото“ и го осудува „предавството против поколенијата Турци“, какво што, според него, претставува семејното планирање, потсетуваат француските медиуми.

„Не може со вашите средновековни изјави да го узурпирате нашето право на контрацепција, ниту нашите други права. Ќе ги браниме нашите права“, соопшти денеска на Твитер турската женска организација, која се бори против насилството врз жените.

Првата дама на Турција, Емине Ердоган, вчера ја бранеше достапноста на жените до работните места.

- Најзначајниот индикатор за интегрирањето на жените во економскиот живот е нивната работа, изјави таа и инсистираше властите да направат повеќе за да ја „обезбедат социјалната еднаквост меѓу половите“, дополнуваат француските медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...