„Дојче веле“: Иранските муџахедини во Европа се закана за безбедноста

Берлин, 30 мај 2016 (МИА) - Кога иранските муџахедини повеќе не му беа потребни на Пентагон, Американците пред повеќе од десет години ги разоружаа и ги сместија во Албанија, каде претставуваат потенцијална опасност за граѓаните на таа земја и за Европа, објави „Дојче веле“.

Како што се наведува во репортажата на „Дојче веле“ се претпоставува дека во Албанија живеат околу 800 припадници на иранските, народни муџахедини, кои Владата во Тирана ги прифати на хуманитарна основа, како борци кои повеќе не учествуваат во вооружени судири.

- Некогашните учесници во борбите на Блискиот Исток претставуваат голема опасност за безбедноста, бидејќи се добро обучени и секогаш подготвени да ги употребат своите вештини кои со години ги стекнувале. Во Албанија имаат уште една предност, а тоа што овде не е тешко да набават оружје, посочи албанскиот експерт за безбедност Артан Хоџа.

Тој додаде дека Техеран е одлучен да ја уништи организацијата на народните муџахедини, бидејќи претставува закана за Иран.

Репортерите на „Дојче веле“ посетија еден од камповите каде живеат муџахедините и користејќи скриена камера, разговараа со двајца припадници на милитантната организација.

- Активни сме секаде во светот - во Европа, во САД, а посебно во Иран, но немаме никаква поврзаност со тероризмот и насилството, изјави еден од муџахедините.

Тие тврдат дека и поранешните членови на организацијата не добиваат закани и оти тоа е пропаганда на иранскиот режим.

Владата на Албанија одбила да даде официјален одговор на прашањата на „Дојче веле“ за муџахедините во земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...