Во Бугарија состанок на Советот за регионална соработка

Софија, 31 мај 2016 (МИА) - Нова тригодишна стратегија и програма за работа на Советот за регионална соработка (РЦЦ) денеска ќе биде претставена на годишниот состанок на оваа организација во Правец во Бугарија.

На состанокот ќе се дискутира за регионалната соработка, како фактор за стабилноста и економскиот развој во Југоисточна Европа. 

Во Правец денеска ќе биде одржан и состанок на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во ЈИЕ (СЕЕЦП), на кој би требало да бидат одобрени нова стратегија и програма за работа на РЦЦ, како и годишниот извештај на таа организација. 

Во уводниот дел на годишниот состанок на РЦЦ на присутните ќе им се обратат министерот за надворешни работи на Бугарија и претседавачот на Процесот за соработка во ЈИЕ, Даниел Митов и генералниот секретар на РЦЦ Горан Свилановиќ, кои заедно претседаваат со состанокот.

Процесот за соработка во ЈИЕ е покренат во 1996 година со цел тој дел од Европа да се трансформира во регон на стабилност, безбедност и соработка во согласност со европските интегративни текови, а преку унапредување на меѓусебниот дијалог и соработка. Членки на СЕЕЦП се Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Грција, Хрватска, Молдавија, Романија, Србија, Словенија и Турција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...