Дачиќ: Хрватите ги опструираат сите разговори

Белград, 31 мај 2016 (МИА) - Хрватска со години ги опструира разговорите за отворените билатерални прашања и Загреб бара тие разговори да се подигнат на политичко ниво, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи во техничката Влада, Ивица Дачиќ. 

Дачиќ во изјава за „Данас“ вели дека комисиите, кои требало да разговараат за проблемите во односите меѓу двете земји се формирани пред неколку години, но не работат. 

На прашањето зошто не работат, Дачиќ одговори дека Хрватите ја опструираат работата со аргументација дека тоа не можат да го решат комисии, туку дека разговорите мора да се подигнат на политичко ниво. 

На прашањето дали тоа е сторено, односно дали во меѓувреме се сретнале државните секретари во министерствата за надворешни работи или замениците-министри, Дачиќ наведува дека средби се уште не се одржани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...