Грција ќе гради нови населби за бегалците

Атина, 31 мај 2016 (МИА) - Изградба на нови населби за бегалците, со куќи наместо шатори по моделот во Елеонас ќе започне кон крајот на јуни, а поголемиот дел од привремените објекти за сместување ќе бидат урнати во септември, изјави грчкиот министер за миграциска политика, Јанис Музалас во интервју за јавниот радиодифузен сервис ЕРТ.

Тој додаде дека распределбата на бегалците во Грција ќе се врши врз основа на географски и податоци за населението.

Музалас истакна дека следен приоритет на Владата е трансфер на бегалците од поранешниот аеродром во Елинико. Тој објасни дека постапката за азил е во тек, додавајќи дека секој ден се разгледуваат по 50 случаи. Министерот рече дека има долги одолговлекувања во сместувањето на малолетни лица без придружба и вети дека до крајот на јуни ќе има уште 800 нови места за сместување.

Тој рече дека е задоволен од напредокот во справувањето со бегалците со оглед на тоа што во Грција пред една година немаше никакви објекти за сместување, а требаше да смести  од 55 до 60 илјади бегалци кога границите се затворија.

Музалас истакна дека договор меѓу ЕУ и Турција е клучен за позитивен исход во однос на прашањето за бегалците.

- Ние ги исполнивме нашите ветувања, ЕУ и Турција треба да го сторат истото, рече тој и додаде дека присуството на НАТО не го намали протокот на бегалци, но така било договорено.

Музалас подвлече дека „западниот свет мора да усвои политика за миграцијата“  затоа што миграцијата ќе трае долги години поради војните, сиромаштијата и климатските промени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...